ТРИЧКО: НЕ МИ СЕ ЈАСНИ ОНИЕ КОИ ЧУВАЛЕ ПАРИ ВО БАНКАТА НА ТРИФУН, ПА И МАЛИТЕ ДЕЦА ЗНАЕЈА ДЕКА Е КОМПЛЕТ РАСКУРЦАНА И ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ БЕШЕ КОГА ЌЕ РОКНЕ

0
433

Ѓокица во светот на банкарството

Депозитите во „Еуростандард банка“ се осигурени и граѓаните ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити (ФОД), но, и во овој случај се поставува прашањето: на што се должи неодговорноста на граѓаните кон своите пари кога најмалку една година и на врапчињата им беше јасно дека ни куче не се носи на мочање покрај банката на Трифун.

Да ги држиш парите во таа банка беше исто како да ги дадеш гласовите на Жмицко. Или да си ги чуваш дома. Ко Владе Милчин. Неверојатна неодговорност, всушност, страшен прекин на сите односи со стварната стварност, во замена за оргазмичките онанистички задоволства по фејсбук и твитер.

Апсолутната раскурцаност на банката не беше никаква тајна. Како што не беше никаква тајна дека раскурцаноста не е резултат на некакви општи финансиски материјални депресии или природни катастрофи, туку исклучиво резултат на фамилијатната имплементацијата на филозофијата на “малиот Ѓокица” во светот на банкарството.

На Трифун му е најдобро да молчи.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски