ТРИЧКО : НЕМА СМЕНА НА ВЛАСТА, ОЈТЕ СИ ДОМА, ЏАБЕ ЧЕКАТЕ, ВЕ НАМАГАРЧИЈА!

0
711

„Мицко рекол дека утре ќе има смена на власта и луѓето веднаш се наредија на тарабите на фејсбук и твитер и во реакторите на радиоактивните телевизии, секој со своја препорака во форма на мал исерок што му го испраќаат на Заев. Ко Американците што на Фрајдеј се редат и чекаат пред големите стоковни куќи на Манхатн, така и овие наши надобудници чекаат да се смени власта за да влезат со стампедото по некој фотеља, функција или тендер.

Разликата со Американците не е само во тоа што првите сметаат на некој голем попуст а нашиве се надеваат се да земат без пари и уште да дибијат награда во форма на мала или малку поголема пљачка народни пари, туку и во тоа што дуќаните редовно им се отвораат на Америте, додека дуќанот пред кој чекаат Македонците, нема да се отвори во наредните десетина години, најмалку. Македонците се насамарени. Како и секогаш.

Само тоа треба да се кажем и ситуацијата во Македонија да се нормализира: Дека нема промена на власта. Џабе чекате, ојте си дома! Масата ќе се врати да бере грозје и тутун, да готви зимница, да гледа убави серии, а не овие што се емитуваат од бандитската зградурина на чипираните идиоти, од кретенчуги на кои не им веруваат ниту мајките, судиите ќе судат, обвинителите ќе истражуваат и докажуваат, криминалците ќе се упристојат“, напиша на својот facebook профил, новинарот Бранко Тричковски.