ТРИЧКО И МУВАТА ВМРОЈНА

0
377

Мувата и јас

Се сеќавате ли на почетните кадри во “Било еднаш на Дивиот запад” на Серѓо Леоне од 68. Кога голема, досадна, брза, неподносливо агресивна мува, го вознемирува Џек Елам. Едно пладне на една железничка станица во бескрајната американска прерија. Можеби во Оклахома или во некоја слична загубеност. Џек се обидуваше да ја избрка со гримаси на лицето, без да го нарушува спокојот на телото. Потоа се обиде да ја фати во цевката на огромниот колт. Не се сеќавам дали и го пробуши мевот со девет милиметри олово, но знам дека не ја застрела додека му чепкаше нешто во влакнестиот нос.

Јас бев изложен на слична тортура утрово. И на искушенија, макар што немам пиштол. Една единствена мува ме заебаваше повеќе од половина час. Јас ја бркав со шамарелици по сопствената глава.

Секогаш беше побрза од мојата дланка. Потоа ме оставаше мирен три-четири секунди, демек да мислам дека сум ја убил или исплашил толку многу што побегнала. Па се враќаше како Билјана Ванковска во камиказе летот врз белата шампита на владата. Прво ќе се јавеше со звук што ме излудуваше. Па ќе стивнеше и како извор на моето излудување ќе ми ги понудеше своите живи ножички, крилцата и рилцата.

Во носот, во увото, на образот…Тој страшно интензивен сврб го прекинував со жестока шлаканица по лицето, по носот, по главата, по рацете, секаде кај што ќе ја почувствував или ќе ја здогледав. Но, интересна работа, и мене како и на Џек не ми се стануваше. И јас мислев дека против ова летечко чудовиште се доволни моите рефлекси. И надежта дека ќе има мерка. Мора да уживала и во мојата наивност.

Во кратките паузи размислував: дали сум јас колтерална штета на муфската утринска прошетка или сум цел на нејзината мачителна мисија. И методи. Можеби муфската цивилизација ги меморирала моите мачителни акти кога како дете во Свети Николе на нашиот џам ги фаќав последните активни муви во напреднатара зима, па им кинев по едно крилце и ги пуштав да се вртат во круг. Немаше таблети и мобилни телефини, односно немаше што друго да правиме. Којзнае колку болно тоа било за мувите. Па сега го вадат моето досие од архивите и издаваат задачи на најблиските припадници на мувската нација да ме заебава, вознемирува, излудува.

Добро, имам јас дома противмувски ракетни системи, но не сакам да ги користам. Сакам борба гради в гради. Фер. Мувата и јас. Се е прашање на рамнотежата. Мувата знае дека не смее да ме скорне односно дека мора да има мерка во своето изживување, а јас не сум тип кој на првиот скокот ги вади колтовите или системите патриот и С400. Освен тоа се плашам дека куршумот со кој ќе ја убијам мувата ќе го собори тешкиот полилеј врз мојата глава.

Сепак е помалку лошо да имаш мува во увото отколку полилеј од еден тон врз главата.

Хахаха!

Фејсбук статус на Бранко Тричкоски