ТРИЧКО ЗА ДИЛЕМИТЕ ОКОЛУ ПОЛИТИЧКИОТ СООБРАЌАЈ И ВМРОНИТЕ

0
976
Дилеми во политичкиот сообраќај
Зошто вморонот стои на црвено?!
Зошто дозволува нешто да го сопира на патот во светлата иднина?!
Во Светата земја на македонскиот Курац?
Зошто прифаќа една комунистичка инсталација да му го диктира ритамот на ослободувањето!?
Зашто, пред комунистите, тука сообраќајот се одвивал со коњи, магариња и чези.
И по некој пајтон.
Главно-пешки.
Немало семафори.
Исто така, се поставува прашањето зошто вмороните возат по десната страна.
Зошто дозволуваат да ги возат по страната по која се возат и Филипче и Заев кога одат на Беласица!?
Добро, вмро се десница, нормално е да се возат по десната страна, но ако се вистински патриоти мораат да се запрашаат за кој курац комунистите, кои се левица, одредиле дека во Северна Македонија ќе се вози по десницата на патот.
Комунистите утврдиле.
И не само што утврдиле туку и патишта направиле и асфалт фрлиле и мрсна боја за разграничување на левата и десната страна на патот и работ кој го дели патот од бездната.
Од Монти Пајтон би се прашале: Добро, но освен патишта, мрсна боја, лекови, водоводи, канализации, болници, автобуси, камиони, автомобили, возови и пруги, авиони и аеродроми, академии и универзитети, што друго комунистите имаат направено за Македонија!!!!
Јас мислам дека вмороните се однесуваат така затоа што им фали идејна цврстоќа.
Тие што требаше да бидат патриотска авангарда се претворија во опортунистичи говна кои стојат на црвено и возат по десната страна на улицата. Така, другари, не се ослободува Македонија. Вечно ќе останеме заробени во националната посебност и во европските стандарди.
Вмро, вмро остани ѓубре до краја!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски.