ТРИЧКО ЗА ВМРОВЧЕТО КОЕ НАМЕСТО СПОРТСКИ КОМЕНТАТОР ПРОПАГИРАШЕ ВМРОВСКА ПОЛИТИКА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ 2020 – МАСТУРБАЦИЈА

0
334
Мастурбации

Ментална мастурбација на евнухозирани типови. Така може да се опише љубовта на вмороните кон Македонија. Празнословие. Фил без палачинки. Корнет без сладолед. Маслина без уја (Дорис). Кумановски мезелук без цревца, цревца без говната кои остануваат за готвење, јастук преку кој евнухот општи со Македонија нудејки и го своето дупе со минусот кислород во замена за вишокот возбуда. Тоа е однос кон некаква претстава за Македонија, не кон Македонија како вистина. Тоа се халуцинации. И афектации кои покажуваат дека луѓето се луди.
Вморонот е луд човек.

Можеби некаква дидактичка анализа или друг вид на терапија, лоботомија или електрошокови, долготрајна излолација и медикаментозна терапија, можат да му помогнат, но, со многу мали шанси.

Не можеме да живееме со вмро и да имаме нормални, не само коментатори, туку и водители, информери и воопшто-новинари. Тоа што го имаме е нормална последица на општата кретенизација што зрачи од четирите букви на болеста што се вика вмро. И е персонално независна. Не можеме да бараме да се тргнат кретенчугите од спортската редакција на мтв, а да ги оставиме Мицко, Лигњата, Хер Флик и другите кретени да парадираат на сите телевизии. И да ја шират болеста. Сите наши битки се сведуваат на битката против вмро. Постоењето на сдсм го отежнува разбирањето на тој факт, но тоа е голема и, можеби, фатална замка.

Баталете го сдсм, додека се бориме со вмро.

Како и кај ковидот и тука мора да се преземат системски и систематски мерки и, од друга страна, луѓето да се едуцираат на самозаштита. Системот се сентиментализира со вмро, односно се однесува кон него со сентиш на проститутка кон локалниот мевосек, а самозаштитата во случајот со оваа болест, мора да оди преку далечинскиот управувач. Тој мора да ја преземе улогата на маска и да го оневозможи влезот на вирусот во Македонецот. Не гледајте, не само фудбал, не гледајте ништо на мтв и не само на мтв, не гледајте ништо на ниту една телевизија што се емитира од Македонија. Многу бргу ќе се уверите колку е тоа здравословно. Гледајте други телевизии. Најдобро да си ја гледате работата. Животот и маката. И среќата и радоста, се разбира.

А човеколиката напумпаност на сликата или Наумструмот кој во главата се сторил како дебела проститутка на надувување заборавена на компресорот на некоја бензиска станица, или како вреќа со карамелизирани компири, да им се дадат на младите мајки како инструменти за воспитување на децата од најрана возраст: гледај, чедо мое, ако одиш на блокадите на вмро, ќе се претвориш во наумструм, ферштеензи, свит харт!?

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.