ТРИФУН КОСТОВСКИ : СО НОВАТА ВЛАДА ОЧЕКУВАМЕ БЕСКОМПРОМИСНА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ

0
96

Бескомпромисна борба

На многумина од вас им е јасно дека стечајот на Еуростандард банка беше направен со умисла за уништување на банката. За тоа пишував и ќе пишувам, бидејќи повеќе од јасно е дека во стечајната маса на Еуростандард банка има средства за целосно подмирување на сите правни и физички лица, како и голема сума на финансиски средства кои сѐ уште треба да се собираат во стечајната маса кои ќе се појават како ВИШОК.

Се прашувам, кои се базичните принципи на едно општество кое дозволува да се ништи правен субјект со силна позиција во стопанскиот и општествен живот на нашата заедница?Заклучувам дека ниските пориви на поединци и групи го создава амбиентот организираниот криминал и корупција да бидат целосно имплементирани во нашето секојдневие.

Станавме заробена држава каде што правото и правдата се мисловна именка.Четири години по ред пишувам колумни со факти, аргументирам за стечајот на Еуростандард банката, каде што се вмешани институции, како Народна банка, која свесно пропушти да користи инструменти за стабилизација на банката, туку „наврат-нанос”, забрзано ја однесе во стечај.

Поддршката на Народна банка од институциите на системот беше силна.Техничката влада донесе две уредби со сила на закон со кои го забрза процесот за носење во стечај, без желба да спаси еден правен субјект.Собранието на Република Македонија и Комисијата за финансирање и буџет во неа, беа комплетно незаинтересирани за овој случај.

Јавното обвинителство и судство и ден денеска, после 4 години голгота, молчат.Заклучокот е само еден од ваквиот однос на институциите во државата кои треба да го бранат интересот на граѓаните, дека владата во заминување е главниот виновник за носењето на Еуростандард банка во стечај.

Очигледно е, дека недостаток на стамен кадар со чесни намери, во Владата и во останатите институции како Народна банка, Собрание на Република Македонија,

Јавно обвинителство и судство е причината што Македонија со години наназад ја доживуваме како заробена држава во која криминалот и корупцијата владеат.Парламентарните и претседателски избори завршија.Добивме нов претседател, поточно претседателка и очекуваме нова влада, која што во најкус период треба да го преземе водството во нашата Македонија и да ни даде нова насока кон постабилна иднина.

Трифун Костовски