Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ: УШТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВОДАТА, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ

„Утрово добив информација дека имало незадоволство околу почетокот на сеидбената сезона во делот на оризопроизводството.

Затоа денеска дојдов тука на работен состанок со оризопроизводителите за да разговараме за наводнувањето, околу почетокот на сеидбата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Чешиново Облешево. „Заедно со директорот на АД Водостопанство, во чија надлежност е пуштање на водата до оризовите полиња сме помеѓу земјоделците.

Утрово директорот на Управата за хидрометеоролошки работи ме извести дека во наредниве денови ќе имаме интензивни врнежи што значи дека хидролошката состојба ќе се подобри“, појасни тој.

Министерот посочи дека заедно со директорот на АД Водостопанство ќе разговараат со земјоделците бидејќи од нивна страна имаше барање високите зони, песокливите површини да бидат ненасеани со ориз, а се останато да биде покриено вода. „Информацијата што ја разменивме заедно со директорот со земјоделците е дека водата уште денеска ќе биде пуштена за да се запазат оптималните рокови кои согласно науката велат дека треба до 15-ти мај да се заврши сеидбата.

Така да во делот на она што значи поплавување со површини на вода очекувам дека нема да има проблем, земјоделците треба да бидат спокојни“, додаде министерот.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ