Thursday, January 23, 2025
2.8 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ : ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД СОГЛАСНО ПОСТИГНАТАТА ЦЕНА, ДОСЕГА СЕ ОТКУПЕНИ 13 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ТУТУН СО ПРОСЕЧНА ЦЕНА ОД 399,88 ДЕНАРИ

„Согласно моите ветувања и мојот принцип на работа, денеска сум повторно во посета на Прилеп, при што посетив неколку компании кои што откупуваат тутун од реколтата 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. 

„Заедно со мене се пратениците од прилепскиот регион, Претседателот на Сојузот на тутунари. Дојдов тука лично видам како тече откупот на тутун и да поразговарам со земјоделците“, појасни министерот. 

Тој додаде дека тутунопроизводителите се задоволни од согласно постигнатата цена, а тоа е 400-тини денари за првата класа и дополнителни 20 денари субвенција за првата класа и тоа достигнува вкупна сума од 500-тини денари. 

„Согласно податоците кои што ги добив од Земјоделскиот инспекторат до вчерашниот ден се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари. И истиот се исплаќа со тековна динамика односно досега согласно податоците исплатено е околу 78% кон тутунопроизводителите“, заклучи министерот Трипуновски. 

Министерот посочи дека со оваа динамика за многу бргу од денеска ќе заврши откупот на тутун. 

„Ова е уште еден показател дека власта, Премиерот, Министерството се сериозни и посветени во делот да се врати македонското производство на пиедесталот“, истакна министерот Трипуновски.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: НЕМАМЕ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е ГРУБИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во...

ПОРАДИ ТЕШКА И ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАТВОРЕНА Е СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци,...

ТРАМП ГО ПОМИЛУВА ОСНОВАЧОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА „СИЛК РОУД“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ