Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ : СО ОТВОРАЊЕ НА ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ И КАНЦЕЛАРИИ, МИНИСТЕРСТВОТО ГО ПРИБЛИЖУВАМЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

„Како Министерство ги дисперзираме подрачните единици речиси во секоја една рурална општина затоа што мојот концепт и визија е дека земјоделците треба да бидат поблиску до услугите на Министерството. Не треба да се патува стотици километри во еден правец и да се губи време и енергија, напротив Министерството има доволен потенцијал човечки, просторен и технички за да биде поблиску до секој земјоделец“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во Македонско радио.

„Се отвори подрачна единица во Ново Село и во Јегуновце, се отвори и подрачна канцеларија во Босилово. Веќе работиме за отворање и во Росоман. Со самото отворање на подрачни единици, значи и земјоделецот е поблиску до институциите“, појасни министерот.

Трипуновски додаде дека самото приближување на Министерството, не е само од физички аспект туку и од функционален.

„Директорот на Платежната агенција веќе информираше дека ќе има и електронско следење на аплицирањето за субвенции. Преку овие подрачни единици и канцеларии земјоделците ќе можат во сопствената општина лично да отидат и да си го проверат нивниот статус на апликација“, посочи министерот Трипуновски.

Тој истакна дека вработените во подрачните единици при Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција и ќе можат да ги информираат земјоделците дали апликацијата им е успешна или не. И исто така земјоделците ќе можат да се информираат и за тековните активности и планови кои се на Министерството.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ