Wednesday, February 12, 2025
-4.2 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ: ПО 6 ГОДИНИ ЗАСТОЈ СЕ СПРОВЕДУВА ВЕШТАЧКИ МРЕСТ НА ОХРИДСКА ПАСТРМКА

„Денеска ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од Охрид. „За таа цел минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје, за изведување вештачки мрест и порибување.

Денешната активност е со цел излов на матици и собирање на икра при што двете институции согласно обврските од договорот треба да соберат 1.050.000 зрна икра од кои ќе се одгледа подмладок за порибување”, додаде министерот. 

Оваа активност е многу значајна за зачувување на Охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства и за екосистемот на езерото.

ОВАА НЕДЕЛА

МАКЕДОНСКАТА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА БЕЛЕЖИ ПАД ОД 12 МЕСТА

Македонија се најде на 88-то место од 180 држави,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ