Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски имаше можност да го претстави македонското вино на настан кој што го организираше Државното претставништво на Северна Рајна Вестфалија во Берлин и македонската амбасада.

„За нас, како мала земја, македонската винска индустрија е од особена важност бидејќи покажува позитивен потенцијал, позиционирајќи се себеси како втор најголем извозник во земјоделскиот сектор“, истакна министерот Трипуновски на настанот. „Главната стратешка цел во политиките за лозарство и винарство е да се фокусира производството на локални сорти како Вранец, Станушина, Кратошија, Темјаника, Смедеревка и висококвалитетно грозје“, додаде тој. 

Министерот посочи дека климата во Македонија обезбедува идеални услови за да се истакнат најдобрите карактеристики на грозјето, а преку производствени практики воспоставени со Законот за вино, кој е усогласен со европското законодавство, се унапредува вековната традиција на лозарство и винарство.

„Вкупната површина на лозови насади е 23.000 хектари, од кои 21% се во сопственост на индивидуални производители на грозје, а 79% се на винарии. Иако значителен процент им припаѓа на малите семејни винарии со капацитет до 50.000 хектолитри“, појасни министерот Трипуновски. „Користејќи ги националните и европските фондови за финансиска поддршка, винариите сè повеќе инвестираат во надградба на опрема, реконструкција на плантажи, винарии, како и во инвестирање во човечки потенцијал, со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино“, истакна тој. 

Министерот при своеото обраќање истакна дека токму преку ваквите настани се отвора можност за промоција на македонското вино и неговиот пласман на европските пазари.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

БИТИЌИ: СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СИ ЗАМИНУВААТ, ВЛАДАТА СО ХАРТИЈА ГАСИ ПОЖАР

„Доколку ги тргнеме слоевите на сложениот правен вокабулар  и бирократскиот...

ФИЛИПЧЕ: СДСМ Е ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ, ГО НОСИ КОНТИНУИТЕТОТ НА НОБ

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува...

ФИЛИПЧЕ: ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА СЕ ВЛОШУВА, ВЛАДАТА НЕ НУДИ РЕШЕНИЈА

Има значајно влошување на економската состојба, стандардот на граѓаните...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ