Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ: ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТУТУНАРИТЕ

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп посети тутунопроизводител при што разговараа како помина минатата реколта и за подготовките за идната реколта 2025.

„Во текот на вчерашниот ден ги исплативме субвенциите за реколта 2024 година, станува збор за околу 40 милиони евра субвенции кои што легнаа на сметка на околу 14.500 тутунопроизводители од цела држава. Ова е една рекордна на исплата на субвенција по однос на произведен килограм тутун“, истакна министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека целата реколта изнесуваше 24 милиони килограми што е рекордно зголемување во однос на минатата година. Оваа исплата и откупна сезона докажаа дека Владата и Министерство го реализираат ветеното.

„Го вреднуваме трудот на македонскиот земјоделец, субвенциите ќе се исплаќаат редовно“, појасни тој.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ