Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ : ЗА 6 МЕСЕЦИ СЕ ИСПЛАТИЈА НАД 4,3 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА СУББЕНЦИИ, ЗА 2 ДЕНА СЕ ИЗВРШИ ИСПЛАТА ОД НА НАД 1,7 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ НА ОКОЛУ 78.000 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА ТЕКОВНАТА 2024

Почитувани,

Грижата кон македонските земјоделци ја покажуваме на дело.

Само за потсетување во изминатиот период Владата на Република Македонија со ребалансот обезбеди над 1.250.000.000 денари со цел да ги исплатиме заостанатите обврски кон македонските земјоделци.

Работевме напорно, изминатите 6 месеци и ги исплативме сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.

А, претходните два дена исплаќавме субвенции за тековната 2024 година

·         Над 294 милиони денари кон 4.533 производители за кравјо, овчо и козјо млеко се исплатени субвенциите за првите 6 месеци од тековната 2024 година.

·         Околу 83 милиони денари кон 10.727 македонски земјоделци е исплатена мерката 1.4 Директни плаќања за обработлива земјоделска површина.

·         Над 392 милиони денари кон 23.626 земјоделци за мерката 1.1. Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури.

·         Над 233 милиони денари денари кон 9.172 македонски земјоделци за мерката 1.2 Дополнителни директни плаќања за подмерка 1.1 за употреба на сертифициран семенски материјал.

·         Околу 118 милиони денари кон 8.729 земјоделци за мерката 1.8 односно Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

·         146 милиони денари кон 13.412 земјоделци, корисници на мерката 1.11 Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

·          Околу 417 милиони денари кон 8.680 македонски земјоделци за сточарско производство од Програмата за 2024 година.

•        И за останати мерки.

Почитувани,

За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.

Во минатото сервисирањето на тековните субвенции кон нашите земјоделци беше мисловна именка, денеска тоа е реалност.

За изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.

Бројките и делата говорат дека не пишуваме политички флоскули, ниту пак кажуваме лажни ветувања, напротив нашиот збор и нашето ветување кон земјоделците денеска е реалност.

Секој еден граѓанин кој што решил да се занимава со земјоделство заслужува навремена и тековна исплата на финансиската поддршка.

Земјоделците овојпат имаат вистински партнер во Владата и во Министерството каде што заедно ќе креираме нови мерки за наредната 2025 година, нови политики со цел да го вратиме македонското земјоделство на пиедесталот во нашата држава.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ