Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ: ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА МЕРКАТА ПОЗНАТА МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ КАКО 50-50

„Јас сум повеќе од задоволен кога гледам земјоделци како ми приоѓаат и ми кажуваат дека оваа година е многу подобра од претходните и така да се продолжи. Имаме задоволни лозари, задоволни градинари, задоволни овоштари”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во вчерашното гостување на „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

„Ексклузивно за вашата емисија, во наредните десетина дена ќе излезе уште еден jавен повик од Програмата за рурален развој – тоа е популарно наречената мерка од минатото 50-50. Сите оние апликанти кои ќе набават приклучна механизација, трактори – тука ќе бидат вметнати и анти-фрост системите, системите капка по капка, истите ќе бидат кофинансирани со 50% за набавената инвестиција”, најави министерот.

Тој во текот на своето гостување посочи дека државата ќе учествува со 50% од тоа што земјоделците, односно апликантите, ќе го набават како инвестиција.

„Сето ова е да помогнеме на нашите земјоделци за да го модернизираат своето производство”, истакна министерот Трипуновски.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ