Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

ТРИПУНОВСКИ: ВО ИЗМИНАТИВЕ 10 МЕСЕЦИ ИСПЛАТИВМЕ ОКОЛУ 8 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ПО ОСНОВ НА ЗАОСТАНАТИ И ТЕКОВНИ ИСПЛАТИ НА СУБВЕНЦИИ

„Со самото влегување во Владата, во Министерството, наследивме една хаотична состојба, значи празна каса, неисплатени субвенции, недонесени законски и подзаконски акти“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање.

 „Со сите заостанати обврски кои што ги наследивме, можам слободно да кажам дека се исплатени околу 8 милијарди денари по основ на заостанати и тековни исплати на субвенции. Тоа се речиси 130 милиони евра кои што легнале на сметка на земјоделците од сите групи на производители“, нагласи министерот. Тој додаде дека ова е уште еден показател дека кога се работи домаќински, посветено, одговорно, се вреднува трудот на македонскиот земјоделец.

 „На вистинската патека сме за да ја вратиме довербата на земјоделците спрема Владата и институциите. Тоа ние заедно со премиерот Мицкоски го докажавме изминативе 10 месеци и така ќе продолжиме во следниот период“, посочи министерот Трипуновски. „Ова е уште една потврда дека навистина сакаме земјоделството да биде едно од носечките економски гранки во нашата држава“, истакна тој.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ