Триглав Осигурување донираше 1.000 заштитни одела за Инфективната клиника

0
240

Триглав Осигурување донираше 1.000 заштитни одела на Министерството за здравство, наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Донацијата има за цел поддршка на јавното здравство и заштита на медицинскиот персонал, кој несебично се бори за спречување на пандемијата, предизвикана од вирусот ковид -19, соопшти Триглав Осигурување.

Триглав Осигурување даде поддршка на јавните здравствени институции, со донирање на 1.000 заштитни одела, кои го штитат здравствениот персонал при работа во услови на пандемија.

– Заштитните одела се наменети за медицинските работници, кои се во првата линија во борбата против пандемијата. Затоа, лично, и во име на сите вработени во Триглав, би сакал да упатам голема благодарност до нив, за нивната несебична и пожртвувана работа. Воедно, би сакал да апелирам сите да се придржуваме до мерките на надлежните институции и да помогнеме на тој начин во борбата со пандемијата. Само на тој начин, со заеднички сили, ќе им помогнеме на здравствените работници и ќе го сочуваме нашето и здравјето на сите околу нас – изјави во оваа прилика главниот извршен директор на компанијата Ѓорѓе Војновиќ.

Согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со појавата на Ковид-19, Триглав Осигурување АД, Скопје, континуирано воведува мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите.