Трибина Агенда Млади 20-24: Се слуша гласот на младите фармери, земјоделството се модернизира

0
921

Млад фармер можеби и не звучи посебно, но мојата мотивација е навистина голема, бидејќи млади поединци можат да бидат пример, а најважно од се е да се чуе гласот на младиот земјоделец, истакна Марио Петров, млад фармер од Свети Николе на трибината „Агенда Млади 20-24“ во организација на СДСМ.

Претходно, додаде Петров тоа беше невозможна мисија, но сега владата и министерството се меѓу земјоделците и се интересираат за нивните проблеми, го слушаат нивниот глас и заеднички се наоѓаат решенија.

Петров се занимава со земјоделство, бидејќи тоа е семејна традиција, а сега со модернизацијата на земјоделството олеснет е процесот на работата.

Младиот фармер Петров им упати порака на младите дека никогаш не треба да се откажат и додаде дека ќе аплицира за мерката Млад земјоделец, за да му се олесни работата.