Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ТРЕНЧЕВСКА : УСПЕШНО ЗАВРШУВААТ САМО ИНИЦИЈАТИВИТЕ КОИ ПОЧНУВААТ СО АМБИЦИОЗНИИ ПОСВЕТЕНИ ПАРТНЕРИ

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставниците на извидниците кои беа дел од тимот кој ја спроведуваше глобалната иницијатива „Walk and Talk“ во нашата држава. Иницијативата беше спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи.

Во иницијативата беа вклучени над 500 млади луѓе на возраст помеѓу 15 и 25 години во период од 3 месеци. Настаните беа спроведени во 16 општини ширум државата.

На средбата меѓу министерката и извидниците беше разговарано за собраните искуства и посочените потреби на младите од настаните кои беа организирани, замислени како пешачки тури.

Извидничката Снежана Јанковиќ истакна дека пријатната атмосфера која беше присутна за време на настаните гарантираше безбеден простор за секој млад човек да може да ги истакне предизвиците со кои се соочува и понекогаш дури и да сподели решение кое може да им користи и на другите присутни.

Тренчевска се заблагодари за добрата соработка од 3 месеци, за иновативните патеки и активности кои ги подготвија извидниците и за нивната вклученост во логистичкиот дел на изведување на активностите.

„Млади и посветени лица како вас се почесто треба да бидат присутни во јавноста. Вашиот ентузијазам и љубов кон работата треба да го одликува секој млад човек. Само на таков начин се прават промени во општеството. А иднината останува на кого ако не на вас младите“ рече Тренчевска.

На крајот од средбата беа изразени и желби за понатамошна соработка и продолжување на иницијативата „Walk and Talk“ поради позитивниот ефект и влијание кое го имаше врз младите.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ