ТРЕНЧЕВСКА : СТАВОТ НА СДСМ ЗА ИЛОВИЦА Е ИСТ КАКО И НА ГРАЃАНИТЕ, ВЛАДАТА ЌЕ ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ЗА КОНЦЕСИИТЕ

0
817

Изјава за медиуми, Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на Жени на СДСМ.

Почитувани граѓани! Почитувани медиуми!

СДСМ го реафирмираше ставот на партијата даден пред граѓаните на Босилово, Василево и Ново Село, во однос на постапката за отворање на рудник во Иловица и склучувањето на договорот за концесија од страна на Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ, во време кога Мицкоски беше негов советник.

Ставот на СДСМ по однос на отворањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните од струмичкиот регион!

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отварање на рудник во Иловица, без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство, усогласено со европското.

Струмичкиот регион е земјоделски крај. Струмичкото плодно поле е извор на егзистенција на илјадници семејства. Владата преку политиките и програмите на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство покажа и докажа како треба да се поддржи земјоделието и земјоделците.

Имаме 100% успешна спроведена ИПАРД 2 програма во државата и први во регионот започнуваме со спроведување на програмата ИПАРД 3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој.

Тоа значи дека кога станува збор за земјоделието и здравјето на граѓаните, нам како СДСМ тоа ни е највисок приоритет.

Почитувани граѓани!

Владата во координација со премиерот и министрите ќе ја преиспитат Одлуката за спојување на двете концесии и ќе побарат дополнителни информации од надлежното министерство.

Заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и развојот на земјоделието се приоритети на СДСМ.