Saturday, March 22, 2025
12.8 C
Skopje

ТРЕНЧЕВСКА: СДСМ ЌЕ ИНИЦИРА РЕШЕНИЈА ЗА САНКЦИЈА НА ДИСКРИМИНАТОРСКИ НАВРЕДИ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Вчерашниот ден не смее да помине само како обична политичка дебата, бидејќи навредите упатени од министерката за финансии Кочоска кон пратеничката на СДСМ Петровска, се навреди кон секоја жена, секој човек кој некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден, порача пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на днешната прес-конференција пред министерството за финансии.
Затоа како што рече Тренчевска, покрај барањето за оставка од министерката за финасии, СДСМ ќе понуди решенија за осуда на говорот на омраза и дискриминација во инсттуциите.
„Ќе побараме итна седница на Комисијата за дискриминација, каде ќе се расправа за однесувањето на Кочоска и поширокиот проблем на дискриминација врз основа на пол во институциите. Ќе иницираме законски измени или кодекс кој ќе ги санкционира дискриминаторските навреди и говорот на омраза во институциите, особено кога доаѓаат од високи функционери. Ова не е политичка пресметка. Ова не е само за Славјанка. Ова е борба за вредности. Ова е порака дека нема да дозволиме омаловажувањето да стане новото нормално со ВМРО-ДПМНЕ на власт“, рече Тренчевска.
На прес- конференцијата Тренчевска посочи дека секоја жена заслужува почит и подобар живот, а не навреди и дискриминација.
„Граѓаните на оваа држава заслужуваат подобро. Жените на оваа држава заслужуваат подобро. Секој човек заслужува подобро. Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас“, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

ОВАА НЕДЕЛА

ХРАБРИОТ ЈОВАН КОСТАДИНОВ Е ВО ДОБРА СОСТОЈБА, НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ДОМА

Деветнаесетгодишното момче-херој, Јован Костадинов од Виница, кој успеал да...

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КОЧАНИ ДОБИЈА 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР, ОДНЕСЕНИ СЕ ЗАД РЕШЕТКИ

Актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов и неговите двајца...

ШЕКЕРИНСКА: ВО ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОДБРАНА ЕУ ДА ВКЛУЧИ И СОЈУЗНИЦИ КОИ НЕ СЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНКИ

Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи...

ТОШКОВСКИ: ЦЕЛОСНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, МВР РАБОТИ СО СИТЕ СВОИ КАПАЦИТЕТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава...

НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ: „ДА ОДГОВАРААТ СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА КОЧЕЛЕ ПРАВДАТА“

Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ