Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

ТРЕНЧЕВСКА : ПРОЕКЦИИТЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ЌЕ ПРИДОНЕСАТ КОН КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ ЗА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше еден од говорниците кои го отворија настанот за презентација на проекциите на населението на Република Северна Македонија до 2070 година.

„Две третини од светското население живее во земји каде стапките на фертилитет паѓаат под нивото на репродукција, а меѓу нив е и Република Северна Македонија. Овој демографски пејзаж ни претставува двоен предизвик: од една страна, загриженоста за земјите со помала и постара популација, а од друга, императивот да се обезбеди одржливост на економиите, пензиските и здравствените системи, образованието и пазарот на трудот“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека кога се зборува исклучително за РСМ податоците од последниот попис покажаа дека населението старее и дека просечното домаќинство станува помалубројно. Tренчевска истакна човечкиот капитал останува да биде главен инструмент за технолошки и одржлив развој.

„Визијата ни е јасна: да се одржи постојното население на Северна Македонија до 2044 година, значително да се зголеми нејзиниот потенцијал и да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите генерации. Затоа несопирливо инвестираме подеднакво во предучилишното образование со градење на нови градинки, но и во услугата помош и нега во домот за стари лица. Секој граѓанин ни е важен, инвестицијата во секој е клучна, а напредокот за сите нас е пресуден“ изјави министерката.

Министерката на крај од своето обраќање истакна дека статистичките податоци и проекцијата ќе придонесат кон тоа да се креираат мерки кои ќе влијаат на добросостојбата на граѓаните.

„Подобрување на условите за работа, утврдување на животниот стандард со воведување на минимална плата, но и посветеност на забрзана активација на пазарот на труд на граѓаните на нашата држава, се јасен показател дека ние вложуваме во граѓаните, зошто креираме една достоинствена средина за живеење, која ќе креира ниво на отпорност кон постојаниот тренд на иселување.

Вложувањето во обуките, преквалификација, доквалификација, во неформалниот образовен процес, но и во родовата еднаквост како алатка за активно вклучување на жените во пазарот на труд, е вложување во вредностите, во достоинството , во еднаквоста да се одлучува за својот живот и своето тело преку економска еднаквост, а токму тоа е најважното вложување во граѓаните“ изјави министерката.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ