ТРЕНЧЕВСКА : ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПЛОДНА СОРАБОТКА СО СЛОВЕНИЈА ВО ДЕЛОТ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

0
353

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со државниот секретар од Министерството за труд, семејство, социјална работа и еднакви можности на Словенија, Дан Јуван. На средбата беше потпишан меморандум во делот на безбедни и здрави работни услови за работниците.

Целта на потпишаниот меморандум е да се препознае потенцијалот помеѓу државите за соработка како и развивање на пријателски односи. Со потпишувањето на меморандумот се очекува во наредниот период да се вклучат институциите во размена на информации, искуства и најдобри пракси поврзани со политиките во однос на Безбедност и здравје при работа, вклучувајќи ги тука националните стратегии, закони и иницијативи.

Од страна на министерката и државниот секретар беше искажан голем интерес за интензивирање на соработката помеѓу министерствата.