ТРЕНЧЕВСКА : ПРЕКУ СИЛНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ПОДОБАР ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ДО ПОГОЛЕМА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ТЕЛЕСНА АВТОНОМИЈА

0
277

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија во Женева, денес се обрати на Регионалната конференција „Население и развој: Гарантирање  на права и изборот“ во организација на UNECE/UNFPA. На конференцијата беа истакнати точките на напредок во имплементацијата на Програмата за акција  од Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година.

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за клучните точки од Националниот извештај за ICPD30 што беше развиен во пресрет на конференцијата.

„Во Република Северна Македонија, сведоци сме на слични промени во трендовите на населението како што се гледаат во регионот на Источна Европа како што е стареењето и миграцијата. Овие предизвици и аспектите на демографската отпорност се опфатени во тековното ажурирање на Демографската стратегија и Националната стратегија за развој што во моментот е во финална фаза на изработка“ рече Тренчевска.

Таа се осврна и на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година и истакна дека истата е развиена со придонес на преку 1000 млади луѓе. Таа посочи дека на таков начин се таргетирани приоритетите на младите како што е пристапот до информации и услуги, поддршка за одржување на нивното здравје и благосостојба, квалитетно образование, учество и вработување.

Тренчевска зборуваше и за напредокот на прашањето за родова еднаквост во државата со фокус на родовата еднаквост во приватниот сектор.

„Во постигнувањето на родовата еднаквост, дозволете ми да ја истакнам важноста на родово сензитивните политики во приватниот сектор кои ги одразуваат одлуките за основање семејство и споделување на семејните обврски“ рече министерката.

На крајот од своето излагање Тренчевска повика на соработка и истакна дека со градење на сојузи и поттикнување на поголема транспарентност и одговорност, регионот може да се справи со предизвиците кои ги надминуваат капацитетите на земјите поединечно.

Учесници на делегацијата од РСМ се и Др. Теута Агаи-Демјаха, Амбасадор и ПП на Република Северна Македонија при ООН во Женева; Д-р Ана Данева-Маркова, претседател на Комитетот за безбедно мајчинство; Наташа Димескашеф на кабинет во министерството за труд и социјална политика; Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларијата на УНФПА-Скопје, Бурим Билали, Советник во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женева; Александар Трајкоски, Втор секретар во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женеваи Анисија Угриновска, младински делегат на ОН.