ТРЕНЧЕВСКА : ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ Е ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ

0
668
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на КТВ Телевизија зборуваше за неколку актуелни теми, пред се за Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост, за семејните вредности капиталните инвестиции во социјална и детска заштита, како и новата Кампања за млади -Остави трага.

-Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, се два посебни закони кои третираат сосема различни прашања. И едниот и другиот закон третираат човекови права, меѓутоа суштината на законите е различна, истакна Тренчевска.

Тренчевска информираше и дека за Предлог законот за родова еднаквост биле реализирани  18 јавни расправи. Како и посебна јавна расправа со пратеничките од сите политички партии, каде што немало ниту една забелешка ниту за дефиницијата родова еднаквост, пол и  род.Министерката појасни дека единствената цел на Законот за родова еднаквост е унапредување на положбата на жените во општеството, како и да се зголеми видливоста и посветеноста на институциите кон прашањето за родова еднаквост.

-Предлог законот за родова еднаквост е за подобрување на семејните вредности, за почитување на семејните вредности, за заштита на децата, и насочен е токму кон унапредување на положбата на жените. За видливоста на жените во процесите на одлучување, превенирањето на насилството врз жените, подобрувањето на положбата на жените на пазарот на труд, потенцираше Тренчевска.Таа истакна дека за семејните вредности и заштитата на децата Mинистерството за труд и социјална политика, работи посветено.