ТРЕНЧЕВСКА : ОСВЕН ВРАЌАЊЕ НА ОГРАДАТА ПРЕД ВЛАДА И ПРИФАЌАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОД ВМРО-ДПМНЕ ДОСЕГА НЕМА НИШТО ДРУГО

0
112
Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека на почеток на мандатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се гледа промена на ставовите, дека едно зборуваа во опозиција а сега сосема друго и додаде дека освен враќање на оградата пред Владата и прифаќањето на името Северна Македонија нема ништо друго досега.
-Зборуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор, зборуваа дека името Република Македонија ќе се врати. Сега, од горда Македонија односно „никогаш Северна секогаш Македонија“ денеска имаме забетонирано име Република Северна Македонија. Овие месец дена од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од враќање на оградата и бетонирање на името Северна Македонија немаме ништо друго, стари инвестии, катастрофална реорганизација, рече пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.