Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

ТРЕНЧЕВСКА НЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ УТВРДИ МИНИМАЛНАТА ПЕНЗИЈА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ, КОМПЛЕКСНО Е ПРАШАЊЕТО

На утврдување на минималната пензија се работи, но до крајот на месецот министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска не очекува решение. По посетата на домот на културата во Ѓорче Петров денес, таа извести дека  за минималната пензија ќе треба да се почека.

„Се работи на едно системско решение за предлог-одредби за утврдување на минимална пензија. Не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец, ќе се донесе некакво решение затоа што сепак е едно комплексно прашање со кое се регулира минималната пензија“, рече министерката Тренчевска.

За разлика од утврдувањето на минимална пензија, пензионерите со минимални пензии и ранливите категории нема многу да чекаат за новите мерки за помош. Министерката Тренчевска очекува до крајот на неделава да бидат донесени од страна на Владата. Рече дека со нив ќе бидат опфатени поголем број пензионери и граѓани од ранливи категории, но не сака да кажува детали се додека не биде објавена одлука. Извесно е дека граѓаните кои ќе бидат опфатени со новите мерки ќе добиваат месечна поддршка, а колку време ќе ја добиваат ќе прецизира одлуката на Влада.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

ПУКАЊЕ ВО ЧАИР, ИМА ПОВРЕДЕНИ

Попладнево има пукање во близина на Стадион Чаир, имало...

ФИЛИПЧЕ : ДУИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ НАШАТА ПОДДРШКА – НАУЧИВМЕ ОД ГРЕШКИТЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ