Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ТРЕНЧЕВСКА : НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ОСТАНУВААТ ВО НАШИОТ ФОКУС НА РАБОТА

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на утринската програма на Слободен Печат зборуваше за капацитетите на старечките домови во државата и за услугите кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика со цел олеснување на животот на највозрасната категорија на граѓани.

„Не треба да се грижиме за највозрасните само за време на Недела на грижа на стари лица, туку секој ден. Особено тоа важи за нашето министерство каде е социјалната заштита и каде преку капиталните инвестиции се вложува во нови старски домови“ рече Тренчевска.

Министерката напомена дека јавни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица се во надлежност на општината. Таа посочи дека министерството само ја финансира изградбата на истите преку претходно приложен проект од страна на општината кој секогаш пред реализација се усогласува со комисијата за капитални инвестиции од министерството. Тренчевска исто така најави нови јавни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица во Пробиштип и во Кавадарци.

Во интерес на граѓаните Тренчевска зборуваше и за пензиите. Таа посочи дека само системските решенија за минималната плата и за пензиите дава резултати затоа што само тоа гарантира континуиран раст на истите.

„За повеќе од една година пензиите пораснаа за над 25%, растот на пензиите го следи растот на инфлацијата, но и на просечната плата“ изјави Тренчевска.

Министерката најави дека за скоро Владата ќе донесе решение за нови мерки кои ги таргетираат најранливите категории на пензионери, односно пензионерите со најниски примања.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ