Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

ТРЕНЧЕВСКА : ДЕТСКАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НЕ СЕ ПОЛИЊА ЗА ПОЛИТИЧКИ НАТПРЕВАР НИТУ МАНИПУЛАЦИИ

„Во Кавадарци можевме да видиме над 7000 жени како ја поддржуваат агендата за повеќе права на жените. Ако погледнеме наназад ќе видиме многу успеси ние се водиме од учество на 50% мажи и 50% жени и тоа е таа потполна еднаквост“ истакна Тренчевска на нејзиното гостување во ТВ Стар во Штип.

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интревјуто за ТВ Стар зборуваше за ресорите на работа на министерството за труд и социјална политика со фокус на политиките  и законските решенија донесени од 2017 година до денес.

Во однос на маршот кој што беше организиран изминатиот ден таа ги истакна придобивките кои директно влијаат на квалитетот на живот на жените. Посочи дека минималната плата од 8000 денари се покачи на над 22000, бројот на градинки се искачи на 83 и од 7 жени во парламентот таа истакна дека денес има 51.

„Отворивме 83 градинки, додека во процес на градба се 14 и истите ќе бидат отворени во 2024та година. Од Владата доделивме дополнителни средства за градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош. Ова беа општини каде има реална потреба за градинки иако во овие општини имаме отворено нови“ рече Тренчевска.

Таа зборуваше и за лиценцирањето на кадрите во градинките и истакна дека од спремни лиценцирани лица во државата има 740 додека на листата за чекање има 450 лица. Таа рече дека процесот на лиценцирање ќе продолжи и во наредниот период, но дека најпрво треба Министерството за информатичко општество и администрација да заврши со јавната набавка. Воедно таа во нејзиното излагање истакна дека како министерка имала најава дека полагањето за лиценци се случува преку ред и тоа било причината што во декември изминатата година е направена промена на претседателката на комисијата за лиценцирање.

Тренчевска во текот на интервјуто зборуваше и за задоволството на вработените во Центрите за социјална работа.

„64% од 2017 до денес е зголемувањето на платите на вработените во центрите за социјална работа. Условите за работа се видно подобрени, дел од центрите за социјална работа во изминатиот период беа и реновирани. И оваа година за прв пат вработените во градинките и центрите за социјална работа добија К-15 благодарение на Општиот колективен договор“ изјави Тренчевска во однос на придобивките на вработените.

Тренчевска за време на интервјуто зборуваше и за важноста на социјалните услуги, таа истакна дека покрај паричните права кои постојано се зголемуваат, најважни се социјалните услуги. Покрај постоечките со новиот договор со Светска Банка за продолжување на Проектот за подобрување на социјалните услуги до 2029 година ќе се развие палета на нови услуги од кои придобивка ќе имаат само граѓаните.
На крај министерката ја искажа својата убеденост за победа на претстојните избори, како што таа истакна единствената цел на тоа е да се продолжи со добрите политики, порастот на платите и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ