
Градоначалникот, претставниците на Општина Тетово и министерката ги разгледаа потребните чекори за завршување на изградениот објект – клон на градинката „Младост“ во Тетово финансиран од Европската Унија.
Тренчевска истакна на средбата дека изградбата на нови градинки е од особена важност за да се опфатат и вклучат што поголем број на деца во предучилишното образование.