ТРЕНЧЕВСКА : ДА ГИ СПРЕЧИМЕ МЛАДИТЕ ДА СИ ОДАТ ОД ЗЕМЈАВА

0
599

Од регионалната конференција каде што зборувавме за младинските политики, во организација на Агенцијата за вработување , во соработка со Министерството за труд и социјална политика и поддршка на меѓународните организации:

🗣Кога зборуваме за младите, зборуваме за нашата иднина, за иднината на нашата држава. Наша задача и одговорност како Влада и ресорно министерство кое работи на креирањето на политики во областа на трудот е да и обезбедиме на нашата младина можности и услови за напредок. Затоа што напредокот е возможен и во својата држава.

✅Нешто што со гордост можам да го истакнам е успешноста на Гаранцијата за млади.

Нашата држава е прва земја од земјите на Западен Балкан кои ја воведоа и применија Гаранцијата за млади. Ја исполнивме поставената цел, а тоа беше Гаранцијата за млади да се смета за успешна доколку најмалку 30% од вклучените лица, успешно излезат од истата во периодот 4 месеци, односно да бидат вработени, повторно вклучени во образовниот процес или да бидат вклучени во активни програми и мерки за вработување.

✅Во 2021 година од вкупниот број на лица кои влегле во процесот на Гаранција за млади (19.322), 8064 млади лица до 29 години или 41% се вработиле или се стекнале со вештини со кои ја подобриле нивната вработливост и станале конкурентки на пазарот на трудот. Процентот на успешност од 41% е далеку од предвидениот од 30%.

✅И во 2022 година се продолжи со имплементацијата на Планот за Гаранција за млади.

Фејсбук статус на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.