Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

ТРЕНЧЕВСКА: ВЛАСТА ГИ ОСТАВИ ГРАЃАНИТЕ САМИ СО ГОЛЕМИТЕ ЦЕНИ И ВИСОКИТЕ СМЕТКИ, ГИ ОДБИ ЗАКОНИТЕ ЗА ДДВ

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка

Почитувани граѓани,
Кога денеска или утре ќе платите висока сметка за струја, кога во маркет ќе мора да платите прескапи цени за храна да знаете дека има причина за тоа.
На 24 февруари  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН одбија да ви помогнат, ги одбија Законските решенија на СДСМ намалување на ДДВ-то за струја и укинување на ДДВ за храна.
Оваа власт покажа дека не се грижи за граѓаните и нема намера да преземе ништо, ниту да ги заштити оптеретените семејни буџети ниту да им помогне.
Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, животниот стандард опаѓа.
Нашиот предлог Закон за намалување на ДДВ за струја на 5% и целосно укинување на ДДВ-то за храна беа со посветена цел: да се спречи скапотијата, да се намалат цените, да се обезбеди пониски сметки за струја за над 600 илјади домаќинства и да се заштити стандардот на народот.
Само со укинување на ДДВ за храна граѓаните би заштедиле 2.000 денари месечно а со намалување на ДДВ за струја до 400 денари месечно.
Но Владата на Мицкоски има други приоритети, граѓаните не и се приоритет.
Граѓаните кои секој ден се борат со огромната скапотија и едвај врзуваат крај со крај се оставени сами.
Ова го покажува вистинското лице на ДПМНЕ и Мицкоски кое се грижи само за елитата и за богатите трговци.

СДСМ ќе продолжи неуморно да се залага за мерки што ќе го подобрат животниот стандард и ќе го заштитат достоинството на секој македонски граѓанин.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ: ПОЛИТИЧКИТЕ ГЛОДАРИ СЕ ОБИДУВААТ ПРЕКУ ТРАГЕДИИ ДА ДОБИЈАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ