Трајче Заев : На службен пат сум во ОАЕ, споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви, ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви!

0
147

Трајче Заев, братучедот на премиерот Зоран Заев, чие име го поврзува ВМРО-ДПМНЕ со заплената на марихуаната во вредност од 800 000 евра, на профил Фејсбук со негово име, наведува дека изнесените работи од опозициската партија не се точни.

„Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви“, пишува Трајче Заев.

Тој додава и дека е на службен пат во Обединетите Арапски Емирати.

„Јас сум на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“, додава Трајче Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска прашаа дали Трајче Заев избегал во Дубаи. Од партијата тврдат и дека еден од приведени во акцијата е Александар Ушликовски, е личен возач на Трајче Заев, а дека пратката со марихуана тргнала од фирмата „Медика 420“ од Битола која е во негова сопственост.

Полицијата вчера соопшти дека во акцијата која ја спроведе заедно со американската агенција ДЕА е запленета 200 килограми марихуана, а дека до обвинителството поднеле кривични пријави против шест лица Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје.

Полицијата соопшти и дека цел на инспекторите биле и две фирми кои произведуваат канабис за медицински цели во Битола.