Македонија учествува со многу мал процент во увозот во САД и тој е незначителен, а како трговски партнер, САД се дури на 24 место на листата на наши трговски партнери и оттука станува збор за многу мал ефект, изјави денеска професорот и поранешен министер за финансии, Трајко Славески за воведените царини на САД за увозот од Македонија.
– Овде нема сентимент. Ако некој забележува дека ние градиме добри односи и стратешки партнери, гледаме дека и многу поважни стратешки партнери како ЕУ се повеќе погодени од Македонија, рече тој.
Според Славески има разлика во податоците: САД во табелата имаат наведено дека со нас имаат дефицит од 112 милиони долари, а ние кажуваме дека немаме дефицит и сега малку, како што вели, тоа е чудно.
– Англичаните од „Фајненшл Тајм“ утрово забележале една формула како е дојдено до овие цифри. Имено, тие дефицитот кои го прикажуваат го делат со вкупниот увоз кој го имаат од некоја земја. Така добиле 66 или 67% кај нас и тоа го делат.
Тука во Македонија може да зборуваме за индиректни ефекти од царинските тарифи. Ако бидат погодени нашите најважни партнери како Германија тоа секако ќе се одрази и на нас, рече Славески.
Професорот потенцира дека јавноста е поделена во САД. Врвни економисти од универзитетот МИчиген велат дека оваа ќе значи данок за америманските граѓани, окол 5000 долари дополнително им се одзема куповната моќ и некаде за 6% се намалува нивната куповна моќ заради тоа што ќе се зголемат цените.
– За глобалната економија е битно што влегува во голема неизвесност, а тоа е убиство за бизнисот. Тие не можат да планираат и тоа може да се одрази на странските инвестиции кај нас, дијаспората која инвестира, влегуваме во фаза која конечно става крај на глобализацијата од економска гледна точка што за земја во развој како Македонија беше позитивно.
Владата мора веднаш да направи кост-бенефит анализа бидејќи САД оставија простор ако земјите реагираат, да се намалат црините. Она што ни се забележува дека е трговска бариера во нашиот увоз од САД да го намалиме и со тоа да им удоволиме и тие веднаш да реагираат на царините. Мислам дека тоа е можно, потенцира Славески.
Земји кои се многи поважни партнери на САД со децении како Велика Британија и Јапонија се многу повеќе погодени од македонската економија, вели Славески и според толкувањето на САД е да ја штитат американската економија и да ја постигнат целта за враќање на индустријализацијата.
Трамп го користи ДДВ како аргумент за воведување на царините, Славески смета дека тоа е голема заблуда.
– Според нив и некои аналитичари, американските производители на автомобили се во обесправена положба затао што ЕУ има ДДВ а тие имаат данок на промет. Стапката на ДДВ е 20% во просек во ЕУ, но во ЕУ тоа ДДВ го плаќаат и европските производители и американските. Една заблуда е што ДДВ се смета како наметната давачка како царина а не е тоа – додаде Славески.