Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, изјави дека лидерот на неговиот коалициски партнер СДСМ, Зоран Заев, најдоцна до петок ќе го добие мандатот за формирање на влада од страна на претседателот Стево Пендаровски. Според него, барањето на ДУИ за Албанец-премиер е неприфатливо.
-ДУИ претендира да биде единствен легитимен претставник на сите Албанци, што не е така, бидејќи има и други партии, а притоа да не заборавиме дека голем број Албанци гласаа за коалицијата „Можеме“. Сметам дека има национализам преку одредени екстремни изјави да се подигне нивото на преговарачкиот процес, да се подигне црвената линија. ДУИ имаше добра кампања за да биде во центар на внимание со флусколата Албанец премиер и тие инсистираат на тоа по секоја цена, што за мене лично е неприфатливо – рече Трајанов на Канал 5.
Тој додава дека потребна е функционална Влада и Собрание за да се зафатат со решавање на здравствените и економските проблеми.