Tuesday, July 15, 2025
34.8 C
Skopje

ТРАЈАНОВСКИ: ВЛАДАТА ИНТЕНЗИВНО ГРАДИ, А ДОКАЗ ЗА ТОА СЕ ДЕЛАТА И ПРОЕКТИТЕ

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски кој дискутираше за патната инфраструктура во Македонија, и ангажманот од страна на Владата за изградба на патишта и автопати.

Трајановски на самиот почеток истакна дека со неговото назначување како директор и со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори и интензивно се работи автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба до крајот на 2026 година.

„Со моето назначување на директор и со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори за да тој пат биде што побрзо пуштен се надеваме дека крајот на 2026 година тој пат ќе го пуштиме во употреба.  Во изминатите шест месеци интензивно работиме на придвижување на работите на овој патен правец“, рече Трајановски.

Трајановски рече дека во изминатите години немало доволно координација меѓу надзорот и изведувачот, но со присуството на директорот и јавното претпријатие на терен резултатите се веќе очигледни.

„Ние, доста сме ангажирани како јавно претпријатие со оглед на тоа што немало координација и доволно присуство од јавното претпријатие според мое мислење и според мислењето на луѓето коишто работат со мене, немало доволна координација меѓу надзорот и изведувачот.

Мислам дека со нашето присуство и со мое лично, скоро секоја недела сум таму на состаноци сето тоа го дотеравме во ред, и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите за Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта“, објасни Трајановски.

Трајановски исто така потенцираше дека довербата на граѓаните нема да биде изневерена а како доказ за тоа се делата и проектите.

„За во рок од шест месеци оваа Влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски, на чело со министерот за транспорт и врски успеавме да завршиме и да ги пуштиме во употреба два патни правци којшто се многу значајни. Јас можам да кажам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ на Власт, во тој случај се гледа дека нешто се гради во Македонија и оставаме трага позади себе на готови проекти.

Значи затоа сме ние дојдени на Власт и затоа сме на Власт, за да на граѓаните коишто ни ја дале довербата да ја оправдаме таа доверба ама да ја оправдаме со дела, со проекти не со зборување. И тоа мислам дека веќе го правиме затоа што не се случило за првите шест месеци да некој пушти два патни правци коишто се многу значајни“, дециден е Трајановски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

КОМАНДАНТ ,,БАРУТИ” ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ОДИ ВО ШУТКА

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ