ТРАОРНА АТМОСФЕРА БЕЗ ЧЛЕНСТВО ПРИ ПОСЕТАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВО СДСМ БИТОЛА – ОТКАКО ИМ ОТКАЖА ОБИЧНОТО ЧЛЕНСТВО ПАЧЕШКОСКИ, КИСМИ, КОНДОВСКИ, КРНЧЕВА, КУЗМАНОВСКИ СЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО НАСТАВНИЦИ?! КОЈ ГИ ПРАВИ БИТОЛЧАНИ МАЈМУНИ?!

0
1233

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денес оствари средба со наставници во Битола каде што се сретна со наставниците од овој град. А притоа во рамките на својата посета во Битола се сретнал и со незадоволно членство на ОО СДСМ Битола.

Ако е тоа така како што тврдат од опозициската СДСМ, дека претседателот на СДСМ се сретнал со незадоволно членство, ајде да видиме зошто кој и како е незадоволен, од што е незадоволен и кој се е ‘наставник’ на овие средби.

На средбата во ОО СДСМ Битола е присутен Зоран Пачешкоски, директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп и воедно претседател на ОО СДСМ Прилеп во оставка. Дали тоа значи дека Пачешкоски е незадоволен од некого, од кого, за што и колку? Дали можеби е незадоволен од неговата позиција, неговата плата во Тутунски Комбинат АД Прилеп? Или можеби атакува на некое друго место со подобро позиционирање од УЈП во иднина?! Или можеби се работи за наставник, а јавноста да не е запознаена со тоа?! Не знаеме, но останува да видиме.

Потоа на средбите за време посетата на Венко Филипче во ОО СДСМ Битола уште може да се најде и бившиот градоначалник на Општина Новаци, Љубе Кузмановски попознат под псевдонимот ,,КИСМИ”. За што поточно се работи во овој случај, се работи ли за некоја негова позната афера за која се шпекулира во јавноста, или можеби се работи за наставник, просветен работник исто како за оној погоре а јавноста да не знае?! И за него и за оној погоре за што поточно се работи останува да дознаеме.

На фотографијата исто така може да се забележи и Пеце Кондовски, поранешен директор на поштата во Битола. Дали и тој исто така е во овие ‘просветни работници – наставници’?! Што им е поентата на овие средби?! Замајување на јавноста?! На гласачкото тело кое СДСМ го изгуби на 8ми мај? Како се претставуваат како наставници но се заштитени како бели мечки.

Татјана Крнчева, дали поранешно вработената во Општина Битола која по падот на Наташа Петровска на локалните избори е вработена во РЕК Битола, и сега е претставена како наставник?! За какви лични интереси станува збор?!

Или и таа е како горе наведените просветен работник за кој исто така битолчани и јавноста не е запознаена?! И за неа и за другите останува да ги видиме причините за овие средби за кои луѓе упатени од СДСМ тврдат дека се налик на траорна атмосфера без членство и без активисти на опозициската партија. Кој тоа се обидува да ги прави битолчани мајмуни на овие про форма средби и во какво својство се дел од присутните, незадоволни членови на СДСМ или наставници како што нагласи Венко Филипче?!