Tuesday, March 18, 2025
2.8 C
Skopje

ТРАМП СЕ ПОПИШМАНИ ПА ГИ ПАУЗИРАШЕ ЦАРИНИТЕ ЗА КАНАДА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела.

Ослободувањето, кое истекува на 2 април, ги вклучува двата најголеми трговски партнери на САД и се однесува на стоки опфатени со одредбите на Северноамериканскиот трговски договор.

Трамп претходно спомена продолжување на рокот само за Мексико, но изменетата наредба за царини ја вклучува и Канада.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум му се заблагодари на Трамп за „одличниот разговор“ полн со почит, ветувајќи му дека нејзината влада ќе работи на безбедноста и миграцијата откако Вашингтон привремено ги ублажи царините.

Трамп често ja фалeшe Шејнбаум, но остро го критикуваше канадскиот премиер Џастин Трудо. И во денешна објава на социјалната мрежа Truth Social, тој го обвини Трудо дека се обидува политички да ја искористи вознемиреноста што Канаѓаните ја чувствуваат за царините.

„Верувале или не, и покрај ужасната работа што ја заврши за Канада, мислам дека Џастин Трудо го користи проблемот со царините, што во голема мера го предизвика, за повторно да се кандидира за премиер. Многу забавно за гледање“, напиша Трамп.

Трудо, исто така, јавно го критикуваше Трамп. На денешната прес-конференција тој дури рече дека очекува Канада и САД во догледна иднина да бидат во трговска војна.

Акциите нагло паднаа откако Трамп првично не ги паузираше царините за Канада.

Извор : Макфакс

ОВАА НЕДЕЛА

НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ПОБЛИСКУ ДО МИРОВЕН ДОГОВОР, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ