Избраниот претседател на САД Доналд Трамп се закани со „многу високи тарифи за Данска“ ако пружа отпор на неговите напори да воспостави контрола врз Гренланд, автономна данска територија.
За време на прес-конференцијата запрашан дали би можел да отфрли користење на воени или економски мерки за да преземе контрола врз стратешки-важниот остров, тој рече дека „не може да даде гаранција ни за едното ни за другото“.
-Можам да кажам дека ни требаат за економска безбедност, рече Трамп.
Тој истакна дека би користел „економска сила“ против Канада нарекувајќи ја границата меѓу САД и Канада „вештачки нацртана линија“.
Неговиот син, Доналд Трамп Јуниор, е во посета на Гренланд. Пред да пристигне во главниот град Нук, Трамп Јуниор рече дека се работи за „приватно еднодневно патување“ за да разговара со луѓето и дека немал закажани средби со владини претставници.
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека „Гренланд не е на продажба, но дека на Данска ѝ е потребна блиска соработка со САД, сојузник на НАТО“.
Гренланд се наоѓа на најблиската рута од Северна Америка до Европа и ги има најголемите депозити на ретки минерали кои се клучни за производсво на батерии и високотехнолошки апарати.