Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

ТРАМП ПОЧНА ДА ГИ ТРЕБИ НЕПОЖЕЛНИТЕ МЕДИУМИ ОД ПРЕС-ЦЕНТАРОТ ВО БЕЛАТА КУЌА, ЛИБЕРАЛНИОТ И АНТИ-ТРАМП ,,ХАФИНГТОН ПОСТ” НЕПОЖЕЛЕН

Белата куќа во средата го отстрани либералниот медиум „Хафингтон пост“ од ротацијата на репортери на кои им беше доделен близок пристап до претседателот, со што го прекрши одамна воспоставениот обичај новинарите, а не Белата куќа, да одредуваат кои новинари ќе бидат во изборот, пишува „Политико“.

Порталот, познат и како „ХафПост“, кој десницата го квалификува како „анти-Трамп“, требало да биде во ротирачкиот избор на новинари денеска, што значи дека неговиот репортер требало да биде во потесниот круг на новинари кои ќе бидат на брифинг со Трамп. Доцна вечерта во вторникот, „Хафингтон пост“ добил порака од службеничката Алисон Шустер, која прашала кој известувач ќе биде испратен од медиумот.

Но, неколку часа подоцна, С.В. Дејт, дописникот на порталот од Белата куќа, добил уште една порака од Шустер: „Еј – извинете за доцното известување, но всушност не можеме да ве сместиме утре во пулот“, напишала службеничката. Во 6 часот наутро, новинарот добил уште една порака во која која се идентификувал друг медиум што ќе го заземе местото за печатените медиуми.

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, вчера соопшти дека администрацијата на Трамп ќе одредува кои медиуми ќе имаат пристап до претседателот како дел од изборот на репортери кои ќе можат да бидат во Овалната соба, на претседателскиот авион и на други состаноци и настани кои не можат да го примат целиот новинарски корпус.

Здружението на дописници на Белата куќа, група новинари избрани од нивните колеги, долго време ги одредуваше ротациите на печатените, радио и телевизиските дописници кои го сочинуваат пулот на репортери.

Претставници на администрацијата во вторникот вечерта упатија повици за да добијат друг излез да го заземе местото што претходно го држеше HuffPost. Нивниот прв повик бил во „Вол стрит џурнал“, според неколку новинари запознаени со разговорите. Весникот одбил, по што местото му било понудено на коосновачот на „Аксиос“, Мајк Ален, заедно со посебно седиште и правото на прво прашање до портпаролката, а тој прифатил, што наишло на негодување кај другите новинари во Белата куќа.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ