Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

ТРАМП ОТПУШТИ СЛУЖБЕНИЦИ НА СОВЕТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ОТКАКО ДЕСНИЧАРСКА АКТИВИСТКА МУ УКАЖА ДЕКА НЕ МУ СЕ ЛОЈАЛНИ

Доналд Трамп отпушти шестмина службеници на Советот за национална безбедност (НСЦ) на Белата куќа, ден откако десничарската активистка Лора Лумер го предупреди дека некои од нив не му се лојални.

Трамп негираше дека таа имала улога во тоа, но на средбата во Белата куќа Лумер го повикала претседателот да ги отпушти службениците кои не се доволно лојални на неговата агенда „Да ја направиме Америка повторно голема“, изјавија неколку добро упатени извори. „Цело време отпуштаме луѓе.

Луѓе кои не ни се допаѓаат, луѓе за кои мислиме дека не можат да ја завршат работата или луѓе кои можеби се лојални на некој друг“, изјави Трамп. Лумер ги презеде заслугите за отпуштањата во објава на социјалната мрежа Икс.

„Претставниците на НСЦ што ги пријавив кај претседателот Трамп се нелојални луѓе кои одиграа улога во неговото саботирање. Отпуштените службеници ги бранат критичарите на Трамп на Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си“, напиша Лумер на Икс.

Триесет и едногодишната Лумер е конзервативна активистка, политичка коментаторка, интернет инфлуенсерка и голема поддржувачка на Трамп. Во 2020 беше републиканска кандидатка во Флорида на изборите за Претставничкиот дом, но изгуби од демократката Лоис Франкел.

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ