Американскиот претседател Доналд Трамп, во неговиот прв поголем јавен настап откако влезе во Белата куќа, попладнево преку видео линк од САД, им порача на светските бизнис лидери во Давос нивните продукти да ги произведуваат во САД или ќе се соочат со царини, јавија западните медиуми.
На неговата инаугурација пред три дена Трамп соопшти дека дека новата администрација во Вашингтон би можела да воведе високи царини за главните трговски партнери Канада, Мексико и Кина, веднаш на 1 февруари.
Тој, исто така, потпиша низа извршни наредби, повлекувајќи ги САД од Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација.
-Дојдете направете го вашиот производ во Америка и ние ќе ви дадеме меѓу најниските даноци од која било нација на планетата, рече Трамп денеска, зборувајќи линковски од Вашингтон на Светскиот економски форум во Давос.
„Но, доколку не го произведувате вашиот производ во Америка, што е ваше право, тогаш многу едноставно ќе мора да платите царина“, додаде тој.