Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

ТРАМП ЛУПНА 10 ОТСТО ЦАРИНА НА ОСТРОВ ОДДАЛЕЧЕН 6000 КИЛОМЕТРИ ОД АВСТРАЛИЈА, ОСТРОВ КАДЕ ЖИВЕАТ ФОКИ И НАД 100.000 ПИНГВИНИ

Критичарите ги исмеваат Белата куќа и американскиот претседател Доналд Трамп затоа што ги вклучиле Островите Херд и Мекдоналд на листата на меѓусебни царини. Имено, воведена е тарифа од 10 отсто за овие субантарктички острови во Индискиот Океан кои се населени само со фоки, птици и над 100.000 пингвини!

Островот Херд и Островите Мекдоналд, кои ја сочинуваат најоддалечената територија на Австралија, се меѓу најоддалечените места на земјата, до кои може да се стигне само со двонеделно возење со брод од Перт. Тие се целосно ненаселени, а на нив наводно не стапнала човечка нога во последните десет години. Според Википедија на нив има „нула“ население, а не пак трговија.

Трамп исто така е предмет на потсмев и поради одлуката да воведе царини за Мартиник и Гваделупе од 10 отсто, иако тие острови се дел од Франција која пак како земја членка на ЕУ се соочи со царини од 20 отсто.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: ЗАСТОЈОТ НА ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Е ГУБЕЊЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОДДРШКА ОД ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната Комисија за...

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ВОЛКОВО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАНА – ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ АСФАЛТИРА

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ