Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

ТРАМП И КАМАЛА ХАРИС ВОДАТ МРТВА ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

Америка гласа на 5 ноември. Гласањето завршува во вторник навечер. Анкетите покажуваат дека двајцата кандидати Камала Харис и Доналд Трамп се изедначени во гласовите. Може да има многу тесна победа во некои места, и може да се бара пребројување.

Исто така, можно е некои резултати да бидат објавени подоцна оваа година поради промените во начинот на кој поединечните држави, ги спроведуваат нивните избори од 2020 година. Кандидатката за претседател Камала Харис го опиша 5 ноември како најважен ден и изрази уверување дека ќе победи во трката за Белата куќа. Во меѓувреме,и другиот кандидат Доналд Трамп ги опиша изборите како важни.

„Ќе победиме. Ние ќе победиме затоа што сите овде знаат, знаете за што се залагате овде, знаете за што се борите. И имаме можност на овие избори конечно да ја свртиме страницата на политичкото дејстввање далеку од страв и поделеност“, рече Камала Харис, претседателски кандидат, САД.

„Се што сакам е да излезам и да гласам. Имавме неверојатен одѕив на предвременото гласање, рекордна бројка во која никој не може да поверува„, изјави Доналд Трамп, претседателски кандидат, САД.

Во меѓувреме, во Вашингтон беа поставени големи безбедносни огради пред претстојните претседателски избори. Ова следува откако разузнавачки извори предупредија дека од Русија и Иран може да се организираат насилни протести во САД по изборите. Разузнавачите и аналитичарите се согласуваат дека додека Кремљ го поддржува поранешниот претседател Доналд Трамп, крајната цел на Москва е да ги подели Американците и да ја поткопа американската поддршка за Украина и НАТО алијансата.

Загриженоста е дека може да има насилство во деновите по изборите поттикнати од дезинформации, слично на нападот на 6 јануари 2021 година од страна на поддржувачите на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, по неговото одбивање да го прифати исходот од изборите во 2020 година на 20 јануари 2025 година. Русија и Иран ги отфрлија тврдењата.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ