Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

ТРАМП ДО ТРУДО: МИСЛИШ ДЕКА СИ ПАМЕТЕН, НО ЦАРИНИТЕ СЕ ГЛУПОСТ!

Премиерот на Канада Џастин Трудо му прати остар одговор  на американскиот претседател Доналд Трамп за  тарифите од 25 отсто за увоз од Канада, велејќи дека неговата земја веќе воведе одмазднички мерки за американските стоки. Тој додаде дека американскиот претседател, кој често зборуваше дека неговата земја ќе стане 51-ва американска држава, „сака да види колапс на канадската економија, бидејќи тоа ќе им олесни да нè анектираат“.

Трудо, ипотоа директно му се обрати на Трамп, велејќи дека иако мисли дека е „паметен човек“, тарифите се „многу глупава работа“.

Тоа го налути Трамп кој дека САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини кога Канада ќе воведе возвратни тарифи за американски стоки. Трамп тоа го порача во објава на неговата платформа Truth Social, нарекувајќи го Трудо „гувернер на Канада“.

„Ве молам објаснете му на гувернерот на Канада, Трудо, дека кога ќе воведе контрацарини на САД, нашите царини веднаш ќе се зголемат за истиот износ!“, напиша Трамп.

Трудо денеска пред канадскиот Парламент рече дека Канада веднаш ќе почне да применува царини за стока од САД во вредност од 30 милијарди долари.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ