Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

ТРАМП ,,ВЕРОЈАТНО” ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „веројатно“ ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин пред крајот на месецов, јавува „Блумберг“. Трамп изјавата ја даде додека ја напушташе денешната прес-конференција, кога беше прашан за шансите средбата со Путин да се случи до крајот на месецот. „Веројатно“, рече американскиот претседател, кој не одговори дали го има на ум точниот датум за средбата со Путин. „До крајот на февруари остануваат уште 11 дена, сметајќи го денешниот“, рече Трамп. Инаку, двајцата претседатели разговараа 90 минути по телефон минатата недела, кога дискусијата беше за затоплувањето на односите меѓу САД и Русија, додека Трамп брза да стави крај на војната во Украина.

Денеска се одржа состанок меѓу руски и американски претставници во Ријад, Саудиска Арабија – првата средба очи во очи меѓу функционери од двете земји од почетокот на руската инвазија врз Украина пред речиси три години. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешни работи Јуриј Ушаков вчера пристигнаа во главниот град на Саудиска Арабија.

Ушаков рече дека разговорите ќе бидат билатерални и нема да вклучуваат украински претставници. Како што информира портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, во американската делегација се државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник Стив Виткоф. За време на разговорите во Саудиска Арабија, кои траеја повеќе од четири часа, Соединетите Американски Држави (САД) и Русија постигнаа договор во четири области, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Еден од четирите принципи на кои се согласиле американските и руските претставници е да се формира тим на високо ниво за да се помогне во преговорите и до крајот на конфликтот во Украина да се работи на начин што е издржлив и прифатлив за сите вклучени страни, меѓу кои и Украина и Европа.

Претставниците на САД и Русија се согласиле и да се обноват дипломатските мисии во Вашингтон и во Москва бидејќи, како што се наведува, потребно е нормално функционирање на дипломатските капацитети.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ