РЦУК Куманово, известува дека во изминатото деноноќие ТППЕ Кратово со 2 пожарникара и 2 ПП возила имале техничка интервенција за испумпување вода од поплавен приватен магацински простор во близина на ЈП „Национални шуми“ – Кратово.
Причина за поплавата е затната атмосферска канализација од пороен дожд.