Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

ТОШКОВСКИ: ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНИ УПРАВНИ СЛУЖБИ ВО СКОПЈЕ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ

Целосно реновирани управни служби во Скопје, граѓаните ќе добиваат брзи и ефикасни услуги какви што заслужуваат.

Денеска го пуштивме во употреба реконструираното Одделение за управни работи – Скопје кое се наоѓа во зградата на МРТВ.

Одделението за управни работи е во надлежност на Министерството внатрешни работи и нуди најголем дел услуги за граѓаните, а неговата реконструкцијата која почна кон крајот на месец октомври минатата година беше една од стратешките планови на ова раководството на МВР со цел граѓаните да добиваат брзи и ефикасни услуги кои ги плаќаат и ги заслужуваат.

Веќе нема да има хаос, неред и граѓани со нарушено достоинство кога е потребно да се извади личен документ или било која услуга која ја дава овој Оддел. Целта на реконструкцијата е граѓаните да имаат можност за брзи и ефикасни услуги, да го штедат своето време сето тоа да биде на достоинствен начин како што заслужува секој македонски граѓанин.

Со реконструкцијата и реновирањето засега опфатени се 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните, реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и слично, како и услуги од областа на возилата.

Заедничкиот простор кој е наменет и за граѓаните и вработените е опремен на начин кој ќе овозможи граѓанинот да се чувствува пријатно за времетраењето на давањето или чекањето на конкретната услуга.

Во реконструкцијата во оваа фаза се реконструирани и 15-на канцеларии за вработените, санитарните чворови, инсталиран е целосно нов централен систем за ладење и греење и извршено е целосно сервирање на надворешните окови, во насока објектот да биде што повеќе енергетски ефикасен.

Паралелно со процесот на дигитализација во кој многу од услугите кои ги дава МВР ќе бидат достапни и дигитално ќе продолжи со отворање нови канцеларии на управни служби онаму каде што тие не се достапни за граѓаните, а веќе се отворени шест нови и реконструкција и модернизација на други каде што е потребно. Македонскиот граѓанин конечно ќе добива брзи и ефикасни услуги, на достоинствен начин каков што и заслужува.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ