- Оваа ужасна трагедија којашто ја расплака цела држава, не е последица на земјотрес.
Се надевам дека за брзо ќе заврши истрагата и ќе покаже дека е последица на еден корумпиран систем, којшто месец за месец, година за година, го нагризувал легитимитетот и легалитетот на функционирањето токму на предметниот угостителски објект, кој видовме како на крајот заврши.
Доказите со коишто сум запознаен во рамки на истрагата, која што пак напоменувам, не е се уште завршена, говорат за континуирано, незаконито, коруптивно постапување, на многу сегменти во рамки на институциите, кои наместо да заштитат, наместо да проверат, наместо да утврдат фактичка состојба во насока на вистината, тие правеле се, само тоа не“.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Канал 5 во ,,Само интервју”.