Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Тошковски вели точно е дека постојат информации кои се во оваа насока и нагласи дека граѓаните треба да бидат запознаени со сите факти коишто се од интерес за јавноста.
– Точно е дека постојат информации коишто се во насока кон тоа што го говори премиерот и сметам дека јавноста треба да биде запознаена со сите факти коишто се од интерес за јавноста, а ова е секако во интерес на јавноста. Едноставно кажано, факт е дека е тешко за некој којшто 20 години бил на власт да прифати да биде опозиција, нагласи Тошковски.Нормално е да има реакции, истакна министерот, но, вели, доколку тие се во рамки на демократските механизми, посочувајќи го правото на протест.
– Особено тешко е кога знае дека позади себе има огромни индиции коишто секојдневно стигаат до институции во насока на сторен криминал, душмански насочен, насочен кон грабеж на државата и нормално дека ќе бидат вознемирени, нормално дека ќе гледаат да реагираат и сето тоа би било нормално доколку тоа го прават во рамки на едни демократски механизми, во делот на протести и така натаму, но не е нормално доколку нивната крајна цел е токму дестабилизација, рече Тошковски.