❗ Како министер за внатрешни работи, а пред сè како човек најостро го осудувам вандализмот врз спомен плочата кај Карпалак, поставена во чест на загинатите припадници на нашите безбедносни сили во 2001 година.
Овој чин е директен напад врз нашата колективна меморија и кон оние кои го дадоа својот живот за зачувување на безбедноста и интегритетот на Македонија.
Сакам да потенцирам дека ваквите дејствија нема да бидат толерирани, а МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за санкционирање на сторителите на овие кукавички дела, сè со цел заштита на нашите културни и историски вредности.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.